Компанијата „Ипротекс“ исплаќа за 10 % поголеми плати од другите странски компании
Сметам дека недоволно меѓусебно сме искрени. Угостителскиот сектор и тоа како е помогнат. Само ќе се вратам наназад, во првиот и вториот пакет мерки, дури и во делот на бескаматните кредитни линии, имаше само мерки за угостителскиот сектор, наспроти сите други коишто беа погодени, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес – конференција, на која беше презентирана новата компанија која инвестира во Македонија – Ипротекс.
„Тие продолжија да добиваат финансиска поддршка за плати, како што добиваа сите. И процентуално ако ја видите искористеноста на тие мерки, секако еден солиден дел имаат земено угостителските објекти. Имавме посебни мерки креирани за хотелиерство, туризам и угостителство, преку Министерството за економија, односно ваучерите. За жал, тами само 50 % беа искористени, но беше дадена значителна сума од 6,5 милиони евра, имаше и грантова шема“, вели Битиќи.
Битиќи поради тоа не се согласува дека угостиелите не се поддржани, наспроти сите други. Вели дека разговараат со сите засегнати страни и дека доколку има некој друг предлози, тие ќе ги сослушаат. Битиќи нагласи дека тој е отворен на комуницира дури и со неистомисленици.
Во однос на барањето за средба од страна на Независната угостителска комора која даде рок до 25 јануари, Битиќи вели дека во ек на пандемија не се знае како ќе стојат работите, односно дека таа е непредвидлива, но вели дека постојат начини за комуникација, преку онлајн средствата.
„Ипротекс“ исплаќа за 10 % поголеми плати од останатите странски компании
Директорот на Дирекцијата за технолошко – развојни зони Јова Деспотовски прашан за тоа дали новата компанија ќе ги зголеми платите во странските компании во Македонија, рече дека платата во компанијата која веќе има ангажирано 25 работници изнесува 26,680 денари, што е за 10 % повисока од платите кои се исплатени во рамки на зоните, во 2019 година.
„Ако ја споредиме просечната плата којашто компанијата ја исплаќа, во однос на дејноста преработувачка индустрија, тогаш станува збор за 11 % повисок изонос којшто компанијата го исплаќа. Дали е тоа доволно? Не е, бидејќи просечната плата во државата, заклучно со октомври 2020 година беше околу 28,000 денари, а тоа значи дека се уште сме пониски, но е важен чекор напред“, вели Деспотовски.
Истакна дека платите во технолошко – индустриските развојни зони едноствано мора да растат. Посочи дека се разговара со повеќе инвеститори за нови инвестиции и за проширување на постоечките капацитети во зоните и една од темите на којшто се дискутира е за колкава бројка на нови работни места станува збор, меѓутоа врзано со тоа се плановите во делот на платите бидејќи Деспотовски лично смета дека оваа тема е важна, бидејќи 14,000 граѓани го остваруваат своето право на пристојна живеачка преку ангажманот директно во зоните и поради тоа смета дека темата треба да остане значајна.
Бобан Илијевски

