Кочовски: Угостителите да не калкулираат и да го кренат својот глас
Никој нема да се бори за заштита на угостителите доколку тие самите не го сторат тоа. Пасивноста во однос на новите “мерки“ оди на штета на нивните џебови и на џебовите на нивните вработени.
Државата многу одамна покажа дека воопшто и не се ангажира за суштинско решавање на проблемите, па не е логично да се чека на добрата волја на власта.
Доколку јасно и гласно не се актуелизира овој проблем преку коморите, здруженијата и синдикатите од оваа фела, постои опасност десетици илјади наши сограѓани да останат на работ на егзистенцијата.
Најдоброамерно ги советувам претходно споменатите да бидат храбри, да не калкулираат и да го кренат својот глас во одбрана на нивните интереси, затоа што друг нема да го стори тоа наместо нив.

