МакедонијаПравдаСветот на работникот

Кочовски: Ќе има ли одговорност заради заболените работнички во Штип?!

Ќе има ли одговорност заради заболените работнички во Штип?!?!?

Иако многу пати беа медиумски покривани некои небитни ликови кои се дел од раководствата на СДС во Штип, како и предводниците на локалните “невладини” организации, поради нивната наводна заложба и наводното решавање на проблемот со заболувањата во конфекциите во Штип, сепак деновиве овој град прерасна во новиот Вухан!!!

Разните перчења од страна на овие ликови и хранењето на своето его допринесоа да се случи сето тоа од кое што обичните работници стравуваа – да бидат оставени сами на себе…

“Невладините” и СДС изминативе неколку месеци координирано ги прикриваат реалните случувања во конфекциите во Штип, притоа вршејќи невидени манипулации со самите конфекционери и јавноста, нешто што допринесе до ова кое што се случува денес.

Сеуште немаме видено никаква реакција или притисок кон локалните власти во Штип, кои што се предводени од СДС, напротив, во изборната кампања истите тие “невладини” имаат активна и недвосмислена соработка со оваа партија која што апсолутно ништо не превзема за да се помогне на обичниот работник.

Дотолку повеќе, месеци наназад за СДС и “невладините” проблемот е во конфекциските работници, а не во локалните власти или пак газдите. Во една прилика овие анти-работнички структури изјавија дека за конфекционерите треба: “стап како во Индија за да им дојде паметот”, иако апсолутно ништо не зависи од обичниот човек кој макотрпно работи секој ден за да обезбеди корка леб за себе и своите најблиски.

За разлика од овие лажни борци за работниците и корумпирани локални власти, сакам секој работник да знае дека Левица / E majta / Levica е секогаш тука за нив, и доколку имаат потреба од била каква помош ние стоиме на располагање.

Пс. Допрва ќе се заострува борбата против сите лажни борци кои на маката на работникот градат кариера и кои што парите наменети за борбата на работниците ги трошат за добивање на огромни хонорари! – пишува координаторот на секторот за труд на Левица, Бобан Кочовски.