МакедонијаОстанатоСиндикат

КСС зема учество на конференција по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

На Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, КСС зема учество на настан посветен на психосоцијалните аспекти на работата, стресот, менталното здравје на работниците и потребата од создавање здрави психосоцијални работни средини. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, кој го имплементира Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Ангел Панев, Потпретседател на Совет за БЗР при КСС, посочи дека темата бара вклучување на сите социјални партнери:„Овој ден е комеморација за сите кои ги загубиле своите животи на работните места, но и обврска за сите нас – социјалните партнери, струката и науката – да создадеме услови во кои идните генерации ќе имаат многу помалку проблеми на своите работни места.“