МакедонијаСиндикат

КСС оствари средба со Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл

Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија:

🤝 Остваривме значајна работна средба со Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл и Извршниот секретар на PERC/ITUC, Антон Лепик на која разговаравме за социјалниот дијалог, колективното договарање и синдикалното организирање.

✅ Се разговараше за препораките на МОТ и нивното исполнување. По долг период неработење и блокирање од Комисијата за репрезентативност, КСС доби репрезентативност, а се подобрува и почитувањето на правото на слободно синдикално членство, нема повеќе административно префрлање на членовите од страна на работодавачите.
⚖️ Сите судски постапки за заштита на синдикалните права кои беа покренати се решени во корист на синдикатите.

💰 Ги истакнавме и конкретните постигнати резултати од колективното договарање:
✔️ Во образование растат платите континуирано:
5% – 2024
7% – 2025
7,5% -10% – 2026
7,5% -10% – 2026
10% –12% -2028 📊
✔️ Во здравството платите растат :
5% – 2025
5% – 7% – 2026
5% – 7% – 2027
7% – 10% до 2028 🏥
✔️ Платите во полицијата се зголемени за 10% во 2025 и во тек се преговори за покачување на платите во 2026.
✔️ Преку колективни договори ќе се зголемат платите за околу 11.000 вработени во јавната администрација со континуиран раст на платите до 2028 година 📑

📢 Дополнително, информиравме дека денес речиси и нема да има работници во јавниот сектор кои примаат минимална плата, што претставува значителен напредок во однос на минатото, кога имаше случаи на плати во јавната администрација под законски загарантираната минимална плата.

🌍 Средбата беше одлична можност да се потенцира важноста на континуиран, инклузивен и конструктивен социјален дијалог, како клучен механизам за унапредување на работничките права и социјалната сигурност.