КСС учесник на конференција за социјално партнерство во Бугарија
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија зема учество во конференцијата на тема: „ Социјалното партнерство – клучна алатка во градењето на опипливи промени на Западен Балкан“, која се одржува во Софија, Бугарија од 30.10 до 01.11. Настанот го организира Конфедерацијата на трудот „Подкрепа“ од Бугарија.
На конференцијата свое обраќање имаше потпретседателот на КСС, Зоран Дионисијев. Тој во текот на своето излагање се осврна на ситуацијата со работниците во Македонија, економската ситуација, како и состојбата на пазарот на трудот.

