Ване Богдов ја предаде конфекцијата „Вабо“ на работниците
Од први јануари 2022 година познатата штипска конфекција „Вабо“ ќе премине во рацете на работниците. Во нивно име (во име на работниците) со овој стопански колектив ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз.
-Вчера имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата, ни изјави Ване Богдов кој пред 25 години ја започна успешната приказна во животот и во развојот на конфекцијата „Вабо“.
Повеќе на Истопрес

