Лазаров: Не знам колку е за фалење растот од 4% во услови кога минатата година завршивме со рецесија од 6,1%
Фејсбук статус на проф. д-р. Дарко Лазаров:
Не знам колку е за фалење раст од 4% во услови кога минатата година завршивме со рецесија од 6.1% и во услови кога сите земји во регионот остварија стапки на раст над 7-8%!?
За илустрација, Србија има раст од 7.5%, Хрватска од 10.4%, Унгарија 7.3%, Словенија 8.3%, Романија 5.5%, додека Црна Гора, Албанија, БИХ и Косово според тековните тенденции ќе забележат раст поголем од 7%.


