Лекарите специјализанти во Англија ќе штрајкуваат следниот месец
Лекарите специјализанти во Англија ќе стапат во штрајк следниот месец, соопшти нивниот синдикат, како дел од пошироката акција на незадоволство поради несигурните работни места и намалените плати.
Одлуката за штрајкот, кој ќе трае од 14 до 19 ноември, следела по неуспешните преговори со владата за изнаоѓање, како што наведе Британското лекарско здружение (BMA), „кредибилен план“ за решавање на прашањето за невработеноста меѓу лекарите и ерозијата на платите што трае со години, пренесе Ројтерс.
„Ова не е она што го сакавме. Оваа ситуација не може да продолжи“, рече претседателот на комитетот на лекари специјализанти при БМА, Џек Флечер.
Извор: Tanjug.rs

