Економија

Македонија заостанува по странски инвестиции на Балканот, Србија прва со 4,6 милијарди долари

Како што се вели во извештајот Агенцијата на Организацијата на Обединетите нации за економија и трговија (УНЦТАД) лани во Србија биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари,а во Македонија со 794 милиони. Пред нас е Албанија со 1,4 милијарди долари и Црна Гора со 877 милиони долари,а по нас Босна и Херцеговина со 661 милиони.

Србија е на прво место во регионот на Западен Балкан по странски инвестиции. Како што се вели во извештајот Агенцијата на Организацијата на Обединетите нации за економија и трговија (УНЦТАД) лани кај нашиот северен сосед биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари.

Втора  земја според инвестициите на странскиот капитал е Албанија со 1,4 милијарди, по неа доаѓа Црна Гора со 877 милиони, Македонија со 794 милиони и Босна и Херцеговина со 661 милиони долари.Косово не е вклучено во извештајот бидејќи не е земја членка на Организацијата на Обединетите нации, информираат регионалните медиуми.

Повеќе на Вечер