Македонските работници добиваат трошки од она што ќе го сработат
Работниците во Македонија добиваат само 35 отсто од она што ќе го сработат, односно добиваат само трошки од сработеното. Тие се во многу понезавидна положба за разлика од работниците во Европа.
Kристина Ампева од Здружението „Гласен текстилец“ од Штип вели дека македонскиот работник со години е осиромашен и депримиран. Објаснува дека е многу тешко во приватен сектор да се работи за минималец, или да се останува на работа прекувремено, и за празници, и сето тоа да не биде дополнително платено. Вели дека ако се земат в предвид овие параметри, воопшто не можеме да се споредуваме со состојбата во европските земји. Ваквата состојба не води кон работна атмосфера каде ќе имаме мотивирани работници.
Повеќе на Фактор.мк
