Митревски со правосилна одлука од Вишиот управен суд се враќа на функцијата претседател на ССМ
Поранешниот претседател на ССМ повторно се враќа на таа функција откако во 2017-та година беше заменет со актуелниот претседател Дарко Димовски, објави Сител.
Митревски денеска на прес-конференција објави дека Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017та година.
„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски.
Тој очекува следната недела Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот.

