ПравдаСветот на работникот

МОТ: Социјалниот дијалог е клучен за да се зајакне безбедноста и здравјето при работа

Пандемијата со Ковид – 19 покажа дека ефективната соработка помеѓу работодавачите, работниците и владите е најдобар начин за да се импелемнтираат мерки за безбедност и здравје при работа (БЗР), кои можат да спасат животи во оваа и следната криза, вели новиот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Научените лекции од справувањето со пандемијата може да помогне да се превенираат милиони смртни случаи поради несреќи при работа и професионални болести, вели извештајот на МОТ. Тој покажува како социјалниот дијалог придонел за брзата и ефективна имплементација на мерките во текот на ковид кризата.

Додека траеше кризата, велат од МОТ, владите кои го приоритизираа активното учество на организациите на работодавачите и работници во полето на БЗР можеа да развијат и имплементираат итни закони, политики и интервенции.

Соработката помеѓу актерите во светот на работат беше есенцијална во осигурувањето мерките да бидат поставени на места каде што се прифатливи и поддржани од работодавачите и работниците и поради тоа имаа поголема шанса да бидат поефективно имплементирани во пракса.

Во многу земји, резултираше со усвојување на правна регулатива која покрива различни полиња – од мерки за превенирање и справување со случаи на Ковид -19 на работното место до мерки за работниците кои работат на далечина.

Во Австрија, на пример, социјалните партнери преговарале за нов договор за системско тестирање на работното место во одредени сектори кои се соочиле со зголемен ризик од пренесување на вирусот, како што е трговијата. Во Сингапур, дошло до промена на правилата за вакцинација по консултациите и дискусијатата меѓу трипартитните партнери. Во Јужна Африка се одржувале трипартитни дискусии за да се воведат мерки за справување со ширењето на Ковид – 19 на работните места.

Како што светот се‘ уште се соочува со влијанијата на Ковид -19 и нееднаквото заздравување, БЗР останува на фронтот како одговор на земјите. Лекциите научени од кризата за важноста на социјалните дијалог во зајакнуавањето на безбедноста и здравјето при работа на национално ниво и на ниво на работно место треба да се примени во секој друг контекст. Ова ќе помогне да се намалат неприфатливите нивоа на смрт на работните места и професионалните болести кои се случуваат секоја годија, вели Генералниот Директор на МОТ, Гај Рајдер. 

 

Фото: Jesse A. Lora / NAVFAC