Останато

Над 6,000 македонски државјани добиле работни дозволи во Словенија во 2023 година

На 6,943 македонски граѓани им биле издадени или продолжени дозволите за престој и работа во 2023 во Словенија, посочија од тамошното Министерство за внатрешни работи за порталот Работник. Од 1 јануари до 31 мај оваа година пак, нови работни дозволи или продолжување на истите добиле 2,585 граѓани.

Словенија е една од земјите која македонските граѓани често ја избираат за работа, постојана и сезонска, но сепак примарни дестинации остануваат Германија, во најголем дел за постојана работа и Хрватска за сезонска.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk