МакедонијаСиндикат

Наставниците во ера на вештачката интелигенција

Фејсбук статус на Билјана Лотеска:

Колку е убаво кога креативно ќе почне денот😊

Со одличниот тим ВИ Навигатори🤖

И, кога со ВИ ќе ни почне утрото и ќе ни даде енергија за нови идеи, знаеме дека сме на вистинскиот пат!👍

Денес во Скопје се собра нашиот тим на македонски учесници во Еразмус+ проектот AI Navigators: Empowering Teachers for the AI Era. ВИ навигаторите работат со ентузијазам на обуките што ќе ги реализираат во следните 6–8 месеци и секој од нив ќе менторира по 5 наставници кои ќе ги откријат можностите на вештачката интелигенција и ќе ја внесат во својата секојдневна работа.🇲🇰

Овој проект е координиран од СОНК, со поддршка од претседателот на СОНК, доказ дека кога се има визија и заедништво, резултатите се неминовни.

Во наредните недели ќе ги претставиме македонските ВИ навигатори и нивните приказни:

-Зенафер Бајмак Грозданов- СУГС”Цветан Димов”, Скопје,

-Зорица Јанкуловска- СУГС”Марија Кири Склодовска”, Скопје,

-Игор Христов- СОУ- “Љупчо Сантов”, Кочани и

-Мирослав Цветковски- АСУЦ “Боро Петрушевски”, Скопје.

Во следниот период ќе бидат споделени и AI Navigators Video Series како и одбележувањето на Еразмус деновите, настан кој ќе ги обедини навигаторите и наставниците како од Македонија, така и од сите земји.😊