СветСветот на работникот

„Не почнувам да работам за толку мали пари!“: Сопственик нуди плата од 5 илјади евра, работници – никаде!

Стапката на невработеност во цела Австрија во јули изнесувала 6,7 проценти, со 289.968 регистрирани лица на Заводот за вработување. Во Виена, на пример, моментално има 9.700 отворени работни места. Сепак, за многу компании сè потешко е да најдат соодветни кадри.

Мануел Лев-Бир (35), основач и директор на компанијата за сајбер-безбедност „Спикснет“, има слично искуство.

Бараме два до три добри програмери, по можност за работа од дома. Во однос на образованието, секако дека е добро ако кандидатите имаат завршено студии по информатика, но тоа не е строго задолжително, изјави тој за „Хојте“.

Плата од 5.000 евра
Досега немало недостиг од пријави, а платата, според Лев-Бир, е добра.

Нудиме над 5.000 евра месечно, што е и до 30 проценти над колективниот договор, вели директорот, кој има канцеларии во Виена и Ајзенштат.

Сепак, на некои ни таа плата не им е доволна.

Еден студент на Техничкиот универзитет, кој штотуку дипломираше, рече: „Нема ни да почнам ако платата не е најмалку 70.000 евра годишно. Всушност, сакам 105.000 евра.“ Тоа компанијата прво мора да може да си го дозволи. Стартап не е голема корпорација, објаснува основачот и директор.

Еден од најчестите проблеми, според него, е и квалитетот на кандидатите.

Околу 90 проценти од нив користат само ChatGPT. Нам ни се потребни софтверски програмери кои навистина знаат да програмираат. Порано програмерите работеа на теми, пребаруваа софтверски библиотеки, толкуваа, прилагодуваа и подобруваа кодови. Денес, речиси сите користат само ChatGPT и слични алатки, што доведува до целосно оштетен код. Кандидатите треба да владеат со вообичаените програмски јазици како Java и Python, да знаат да работат со векторски бази на податоци и да можат правилно да постават сервер – но речиси никој повеќе не го знае тоа, истакнува директорот на компанијата.