Невработеноста во Велика Британија порасна на 4,8 отсто
Стапката на невработеност во Велика Британија изнесувала 4,8 отсто во периодот јуни-август, објави во вторник Канцеларијата за национална статистика (ОНС).
Според податоците на ОНС, стапката на невработеност била на ниво од 4,7 отсто во периодот мај-јуни и 4,1 процент во истиот квартал минатата година, што укажува на тренд на пораст.
Околу 1,7 милиони луѓе биле невработени во земјата на крајот на август.
Од Канцеларијата за национална статистика соопштија дека стапката на економска неактивност е проценета на 21 отсто во периодот од јуни до август.
Во меѓувреме, проценките за бројот на вработени во Велика Британија паднале за 93.000, или 0,3 отсто, во однос на претходната година во август, но се зголемиле за 10.000 во однос на претходниот месец.
Извор: b92.net

