Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно!
Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
Во недостаток на сопствени резултати од своето (не)работење, ССМ се занимава со СОНК и КСС.
Раководството на приватниот синдикат (ССМ) со популизам, пласирање на полувистини и невистини во јавноста, се обидуваат да останат на своите тронови. Пред јавноста ги ставаат маските на опасни лавови, а во Владата се однесуваат како мачиња. Нашата препорака е да се занимаваат со проблемите во синдикатите при ССМ, и да им испорачаат тоа што им ветиле. Впрочем, вработените во образованието точно знаат дека континуираното зголемување на платите во проценти е многу поголемо од линеарното зголемување на платите, како што е, на пример, во јавниот сектор. Модел што го наметна ССМ, и се обиде да го задуши штрајкот на СОНК во 2022 година, во соработка со тогашната власт. Некои работи не се забораваат така брзо и лесно!
П.С. Во ССМ не виреат синдикати од образованието. Од 2005 година до денес, многупати се обиделе да го растурат СОНК, или поточно да ги заведат вработените во образованието за да преминат во ССМ, но очигледно не успеале.
Со молење по социјалните мрежи, нема да успеат и овој пат, и следниот пат, и следниот пат ….. и никогаш!

