МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Неделков: Порамнувањето на платите не е проблем само во образованието, туку во целиот јавен сектор + (ВИДЕО)

Убеден сум дека Министерството за образование на чело со Министерот, па и Премиерот ќе бидат мудри во оваа ситуација. Ова го истакна Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната прес – конференција на КСС.

Тој порача дека е веќе зовриено во училиштата и дека се чека на раководството на синдикатот да донесе одлука. Неделков се согласува со Ралповски дека го почитуваат социјалниот дијалог и дека ќе се обидат максимално да бидат коректни во овој дел.

Се разбира во рамките на договорено до 15 март, дополни Неделков.

Истакна дека, имале разговори со Министерот за образование и се договориле идната недела да започнат преговорите. Истите ќе однесуваат на усогласувањето на колективните договори со минималната плата.

Тој подвелече дека овој проблем не треба да се решава на гранско ниво, туку ова е проблем кој го засега целиот јавен сектор. Според него, државата треба да има исти аршин кон сите работници.

СОНК, вели Неделков, заедно со министрите со кои преговара може да даде позитвен пример како да се надмине оваа ситуација.

 

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk