Неделков: Штрајкот денеска со зголемен број на вработените кои се приклучуваат – Очекуваме покана за средба со надлежните
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на својот профил објави соопштение од синдикатот, во кое даде детали за вториот ден до Генералниот штрајк.
Во текот на денешниот ден, сите синдикални организации на СОНК се во Генерален штрајк, дополнително со зголемен број на колешки и колеги кои се приклучиле кон штрајкот. Посериозни проблеми или притисоци врз штрајкувачите не се регистрирани до овој момент, а доколку има такви дејствија и пристигнат Изјави до нас, јавноста ќе биде благовремено информирана.Во текот на денешниот ден очекуваме покана за работна средба од страна на надлежните институции, а за времето на одржување на средбата и резултатите од неа, ќе бидете дополнително информирани.СОНК се надева дека ресорните министерства или Владата ќе излезат со конкретен и прифатлив предлог за зголемување на платите во гореспоменатите дејности односно со предлог кој ќе биде прифатлив од мнозинството на членови на СОНК. Со тоа би се донело, во најкраток можен рок, одлука за прекин на штрајкот и продолжување на нормалниот тек на воспитно – образовниот процес, информираше Неделков.

