Нова алатка која им помага на тинејџерите да најдат исплатлива работа на долг рок
Како и многу возрасни, тинејџерите често не знаат што сакаат да работат кога ќе пораснат. Дури и кога мислат дека знаат, можеби немаат реална слика за тоа дали одредено занимање ќе биде економски исплатливо за нив. На пример, дали добро се плаќа? Дали е тоа област која се развива? Дали има веројатност да стане жртва на вештачката интелигенција?
Иако многу ресурси, кои моментално се достапни, можат да одредат еден или два од овие фактори, тинејџерите сега ќе имаат пристап до интерактивна алатка која ќе им помогне во тоа.
Индексот за кариера на иднината (заедно со дополнителниот извештај и јавната база на податоци) има за цел да помогне, не само во нивното едуцирање, туку и во тоа на нивните училишни советници, родители и сите кои се љубопитни да се бават со различни области.
Креиран од страна на Gallup (Галуп) во партнерство со Amazon Future Engineer, филантропска образовна програма на Амазон за информатика, CFI interactive дава слика за тоа како дадена професија се рангира во неколку категории: плата, вклучувајќи го и тоа дали нуди доволно за издржување на семејство, раст на работни места, работни места по барател на работа, колку кариерата е отпорна на автоматизација, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција и кое ниво на образование е типично за вработени во одредено занимање.
По процената на сите тие елементи, на професијата ѝ се доделува CFI оценка – што е поголема бројката, толку повеќе работата е економски исплатлива.
Бесплатната база на податоци вклучува и статистика за разноликост во поглед на тоа колку се застапени вработените во дадената област, во однос на општата популација во САД, во смила на пол, раса и етничка припадност.
Јазот помеѓу популарните занимања и одржливите
Извештајот на Галуп – Амазон, меѓу другото, идентификува и колку е јазот помеѓу оценката на економската одржливост на дадената кариера и колку е популарна помеѓу 15- годишните деца.
Кога во анкетата биле запрашани да ги идентификуваат работните места кои очекуваат дека ќе ги имаат до нивната 30-та година, тинејџерите често биле многу помалку склони да изберат кариери кои имале високи CFI резултати.
„Станува јасно дека учениците ги занемаруваат бројните кариери со големи можности. Освен медицинските занимања, тие ретко избираат некои од најдобрите кариери, вклучувајќи ги работните места во менаџмент, со компјутери, во математиката и науката – што укажува на недостиг од познавање на кариерата“, напишале истражувачите.
Сепак, резултатите од економските прилики во некои од занимањата биле усогласени со нивната просечна популарност меѓу тинејџерите, како што се образованието и транспортот.
Добри занимања според нивото на образование
Гледајќи низ призмата на образованието, генерално, што повеќе имате, поголема е веројатноста дека вашата работа ќе има високи оценки во смисла на економска одржливост.
Меѓутоа истражувачите откриле дека постојат многу „прилично престижни“ кариери кои можат да се остварат дури и ако немате факултетски дипломи.
На пример, меѓу работодавачите кои во главно вработуваат луѓе без дипломи, во 27 од кариерите резултатот е над просечниот за позициите кои обично бараат дипломци. Меѓу главните кандидати се: кардиоваскуларен технолог, противпожарни надзорници, раководители на градба, менаџери на индустриско производство и оператори и дисепчери во електрани.
Меѓу занимањата кои бараат факултетско образование, но не и стручна диплома, има 34 високо рангирани, вклучувајќи ги: актуар, инженер за продажба, финансиски и инвестициски аналитичар и програмер за софтвер.
Отворен ум
Иако некои од занимањата со најголеми бодови, што не е изненадување, имаат врска со STEM, тоа не мора да значи дека секој 16 – годишен тинејџер мора да се пријави за програма за обука за кодирање (освен ако не го сака тоа).
„Одбирањето на кариерата е комплексна одлука. Тоа вклучува, помеѓу другото, лични и културни интереси, чувство на усогласеност со нечии способности и многу практични работи“, забележуваат истражувачите на Галуп и Амазон во својот извештај.
Но, тоа значи и учење за приликите кои не сте знаеле дека постојат.
Надежта во CFI, како што рекол економистот на Галуп, Џонатан Ротвел, е дека „можеби на луѓето им дава идеи кои не ги зеле предвид“.
Извор: BIZLife
Фото: Pixabay

