ЕкономијаМакедонија

Нови цени на горивата од полноќ, Еуросупер 95 се намалува за 0,50 денари, а Еуродизелот се зголемува за 2,50 денари

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Според одлуката, цената на Еуросупер бс-95 изнесува 83,50 денари за литар, што претставува намалување од 0,50 денари. Бензинот Еуросупер БС-98 останува непроменет и ќе се продава за 85,50 денари за литар. 

Од друга страна, Еуродизел поскапува за 2,50 денари и ќе чини 98,00 денари за литар. Зголемување има и кај екстра лесното масло за домаќинство, кое поскапува за 3,00 денари и ќе се продава по 95,50 денари за литар.