Останато

Овие професии ќе бидат како злато вредни до крајот на годината – платите растат, а работници нема ни за лек

Додека бројни работодавачи се соочуваат со недостиг на работници, поединечни занимања стануваат се’ побарани, а луѓето кои имаат соодветно знаење и вештини можат да сметаат на подобри плати и сигурно вработување.

До крајот на 2026 година најголема побарувачка очекуваат стручњаците за занаети, технички занимања, енергетика, логистика, ИТ сектор, но и областите на здравство и нега. Заедничко за речиси сите овие занимања е едно – нема доволно работници.

Занаетчиите стануваат нови „милионери“ на пазарот на труд

Со години се зборувало дека занетите ја губат вредноста, но реалноста на пазарот го покажува потполно спротивното. Добрите мајстори денес имаат повеќе работа отколку што можат да прифатат, а квалитетниот работник често може да ги избира ангажманите.

Особено се барани електричари, водоинсталатери, керамичари, заварувачи, монтери на греење и климатизација, автомеханичари и други мајстори кои поседуваат практично знаење.

Причината е едноставна – градежништвото, индустријата и одржувањето на објекти постојано бараат нови работници, додека бројот на млади кои се одлучуваат за занаетчиски занимања со ходини бил во пад.

Токму поради недостигот од квалитетен кадар, заработката на добрите занаетчии се’ повеќе се приближуваат, а во поединечни случаи и ги преминуваат платите на вработените во традиционално ценетите професии.

Возачите и понатаму меѓу најбараните работници

Транспортот и логистиката остануваат сектори во кои недостигаат луѓе. Професионалните возачи на камиони, автобуси и специјални возила веќе со години се дефицитарни, а се очекува дека побарувачката ќе биде голема и во текот на наредните години.

На проблемот влијаат повеќе фактори – голем број на возачи заминуваат во земјите од Европската унија, додека истовемено расте потребата за транспорт на роба и достава.

Компаниите поради тоа се’ почесто нудат подобри услови, поголеми плати и дополнителни бенефити за да ги задржат искусните возачи.

ИТ повеќе не е „лесна заработка“, но стручњаците остануваат барани

ИТ секторот поминал низ период на големи промени. После години кога компаниите масовно вработувале почетници, денес најмногу се бараат луѓе со конкретно знаење и искуство.

Најголеми шанси имаат стручњаците за вештачка интелигенција, сајбер безбедност, анализа на податоци, развој на софтвер и работа со модерните технологии.

Работодавачите се’ повеќе бараат специјализирани профили кои веднаш можат да придонесат на работењето, додека за почетниците конкуренцијата е поголема од претходно.

На индустријата им недостигаат техничари и инженери

Развојот на производство во регионот ја зголемува потребата од технички кадар. На фабриките им се потребни оператори на машини, CNC оператори, техичари за одржување, мехатроничари и инженери за производство.

Пособен проблем претставува тоа што образовниот систем не успева да обезбеди доволен број на работници со практично знаење кое компанијата го бара.

Поради тоа работодавачите се’ почесто вложуваат во дополнителни обуки на вработени и преквалификација.

Здравството и негата бараат нови работници

Поради стареење на населението, побарувачката за работници во здравството и областа на негата продолжува да расте.

Медицинските сестри и техничари, негувателите, грентодомаќинките и други стручњаци од овие области ќе бидат меѓу занимањата за кои ќе постои постојана потреба.

Овој тренд не е карактеристичен само за Балканот, туку и за голем дел на Европа, каде недостигот на работна сила во секторот на нега станува еден од најголеми предизвици.

Нови работни места носи и енергетската транзиција

Преоѓањето на обновливи извори на енергија отвора простор за нови занимања. Развојот на соларните електрани, модернизацијата на електроенергетските мрежи и зголемувањето на енергетската ефикасност создаваат потреба за стручњаци од електротехниката и енергетиката.

Ќе се бараат и електроинженери, техничари за соларни панели, стручњаци за енергетска ефикасност и работници кои можат да ги одржуваат новите енергетски системи.

Вештините ќе вредат повеќе од дипломата

Експертите за вработување предупредуваат дека во наредниот период најголема предност ќе имаат луѓето кои поседуваат конкретни вештини.

Дипломата повеќе нема да биде доволна сама по себе – работодавачите се’ повеќе бараат искуство, практично знаење и способност на брзо прилагодување на промените.

Кој ќе биде подготвен да научи нов занает, да ги совлада дигиталните алатки или да се специјализира за барана област, ќе има многу поголеми шанси да пронајде стабилна и добро платена работа.

Пазарот на труд до крајот на 2026 година ќе биде обележан со една голема разлика: Најголемиот проблем нема да биде пронаоѓањето на работа, туку да се пронајдат доволно работници кои имаат знаење кое работодавачите го бараат.

Извор: Bizportal.rs