Денес беше одржана средба меѓу заменичката амбасадорка при Амбасадата на Франција г-а Emmanuelle Gаrdille и аташе за соработка при Француската Амбасада г-а Julie Maraval со претседателката на Гласен Текстилец , Кристина Ампева, правниот и уметнички тим при Гласен Текстилец и Културно уметничкиот центар – Текстил.
На средбата се разговараше за состојбите со човековите и работнички права во текстилната индустрија, но и целиот приватен сектор, работата на здружението и потребата од социјален дијалог и почитувањето на потпишаните меѓународни договори и конвенции, дијалог кој во државата е на ниско ниво откако започна кризата предизвикана од корона вирусот.
Беше истакната потребата од сериозно синдикално делување на кое е посветено здружението, потребата од вистински чекори за справување со кризата (здравствена, енергетска), закони кои се од исклучителна важност за работниците од приватниот сектор, како и справување со сивата економија и корупцијата во државата.
Гласен Текстилец е сериозен чинител во општеството, здружението веќе има соработка со неколку амбасади во државава, влијанието и работата на здружението е препознато на европско ниво, преку нашите партнери од земјите во ЕУ. Гласен Текстилец ќе продолжи да работи на подобрување на состојбите и стандардот на работниците од приватниот сектор, оние од кои зависи економијата и просперитетот на државата.
Ќе биде коректор на власта и опозицијата како и изминатите години и ќе дава одржливи мерки за подобрување на социо-економската состојба и стандардот на граѓаните, особено на работниците и работничките од приватниот сектор.