Платите во место, цените до плафон – синдикатите чекаат повик, владата молчи – регионот влече потези
Граѓаните стравуваат, синдикатите предупредуваат – владата молчи. Цените на основите продукти постојано растат, а се погласни се најавите дека рафтовите во маркетите ќе останат празни. Овие заклучоци Сојузот на синдикати ги темели на последната анализа на потрошувачката кошничка за август. Да се набават основните продукти потребни се 42.234 денари.
Септември ќе биде уште пооскуден за граѓаните велат од ССМ, со оглед на почетокот на учебната година.
Регионот го вклучи црвенотто светло и освен цените ги штити и количините на дел од основните прехранбени продукти. Србија ограничи, со исклучок на Македонија и Албанија, извоз на млечни суровини, а од денеска Хрватска утврди продажна цена на шеќерот, продукт кој почна да се ретчи во маркетите.
Повеќе на Новлист

