По бегството на Мемети, суспендирани уште тројца вработени во КПУ „Идризово“
Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда.
-Што точно се случило, не би знаел да кажам, но затворот е добро обезбеден со камери, ѕидови, жици и единствен начин да се излезе е со медицинска помош или со поддршка на дел од вработени, изјави Стојановиќ во емисијата „Топ тема“.

