Државата извезува домашни, а ќе мора да увезува странски работници
Македонија останува без работна сила. Цели семејства се иселуваат во странство во потрага по подобар живот, а некои европски држави ги зголемуваат квотите за работници од Балканот. Македонските компании бараат итно олеснување на процедурите да увезат работници од Бангладеш и Далечниот Исток.
Пред шест години Дафина од Струмица одлучила да ја напушти Македонија. Потрагата по подобар живот била причина да замине во Германија, каде сега работи во угостителство.
„За подобар живот. Во Македонија нема живот, нема закон, ниту здравство. Народот никој не го прашува како се снаоѓа. Не е лесно. Си оставаш родно место одиш во туѓина, учиш јазик, тешко е, но се навикнува човек“, вели Дафина.
Во Струмица се бавела со земјоделие, но пристоен живот од земјоделие вели нема. Разочараноста од целокупните состојби во држава и потрагата по подобра иднина за нејзините деца ја натерале да остави се зад себе и да почне нов живот.
„Штета е што Македонија е земјоделски крај, но нема егзистенција. Се работи само за трговците, за бизнисмените, а земјоделецот никој не го прашува како преживува и затоа народот бега, изгледа само пензионерите ќе останат во Македонија“, вели таа.
Повеќе на РСЕ

