ЕкономијаМакедонија

Поповски: Минималната плата расте еднаш годишно, просечната постојано, тука се прави голема разлика

Поранешниот министер за финансии и универзитетскиот професор, Никола Поповски во „24 анализа“ рече дека кога расте просечната плата, минималната плата стои во место. Според него, движењето на цените е динамично иако инфлацијата сега е на 3-4%.

„Точно е дека просечната плата реално расте, овде зборуваме за минимална. Кога расте просечната минималната не расте. Имаме состојба во која се усогалсуавме секој март и еднаш во годината а просечната расте постојано. Во овие 12 месеци расте номиналната плата а минималната стагнира и сега направи јаз од една година, движењата на цените се динамичмни и особено инфалцијата е 3-4 %. Ако цела плата ја трошите за храна и домаќинство таму инфлацијата е 10-15 посто, затоа ваквите усогласувања на колективни договори се подинамични“, рече Поповски.