Поради нереалниот раст на цените, граѓаните бараат засилени инспекциски контроли
Цените на производите никој не може да ги запре, откако тие слободно се формираат од трговците. Потрошувачите бараат зголемен број инспекции, велат ги нема во доволен број, но и инспектори нема колку навистина е неопходно. Во меѓувреме, потрошувачката кошничка достигна 41.000 денари, македонската валута губи во вредноста, велат скопските пензионери…
Континуирано зголемување на цените од три до пет насто се забележува и кај овошјето и зеленчукот, алкохолните и безалкохолните пијалаци.
Во август, пораст на трошоците на живот има и кај услугите за сместување за 27 насто, централното греење за 14 насто, а кај цврстите горива за домаќинството за 2,8 проценти.
Растот на цените негативно влијае на животниот стандард.
Граѓаните со реакции-инспекциските служби треба да вршат засилени контроли на терен.
За ублажување на растот на цените во регионот се интервенира со субвенции по семејства,финансиска поддршка за социјално ранливите групи.се водат среднорочни политики против падот на животниот стандард.
Извор: МРТ

