ЕкономијаСвет

Поскапо од Виена: Цените на храната во Хрватска меѓу највисоките во Европа

За пет години, во Хрватска производната цена на зеленчукот пораснала за 51 отсто, на овошјето за околу 40 отсто, на добитокот за 98 отсто, а на јајцата за повеќе од 100 отсто.

Цените што ги плаќаат хрватските граѓани се меѓу највисоките во Европа, што го потврдуваат и искуствата на оние кои живееле во странство, како на пример во Виена, каде што цените се значително пониски, пишува Dnevnik.hr.

Оваа зима статистиката бележи и пад на некои цени. На пример, цената на свинското е намалена за 19 отсто, на зеленчукот за 6,7 отсто, а на овошјето за околу 15 отсто. Пониските цени на јаболката се резултат на две природни катастрофи кои го зголемиле уделот на втората и третата класа во производството.

Стручњаците и производителите предупредуваат дека хрватското земјоделство ја губи стабилноста. Хрватска повеќе не е независна во производството на јаболка, а економската одржливост на земјоделските сектори, како што е свињарството, станува сè потешка. Производителите повикуваат на изнаоѓање решенија за заштита на домашното производство и обезбедување достапност на храната за потрошувачите.

Извор: b92.net