Празниците заминуваат, а работнтите задачи се насобираат: Како да се носите со стресот сред зима? 3 клучни тактики
Зад нас е дочекот на Новата година, ќе помине и Божиќ, по што доаѓа време кога повторно, во полн сјај, ќе мораме да се фокусираме на работата.
Така е веќе во поголемиот дел од светот, особено од Соединетите американски држави, каде католички Божиќ беше прославен на 25 декември. Проблемот е во тоа што фокусирањето на работата, веднаш по сезоната на празниците, може да биде речиси невозможна мисија.
Можеби ќе имате стотици нови мејлови на кои треба да одговорите или повеќе состаноци, сега кога луѓето пополека се враќаат од одмор. Исто така, вообичаено е да дојде до пад на работата и тоа не само поради поминувањето на празниците, туку и зимата, студеното и депресивно време.
Емисли Балестерос, тренер за управување со синдромот за согорување на работа (анг. burn out), за CNBC Make It открива како да одговорите на стресот, предизвикан од работата, во овие зимски денови.
Компанијата за аналитика, Висиер, неодамна анкетирала 1,000 работници во САД и открила дека 89 % искусиле согорување на работното место, во изминатата година. Согорувањето се повеќе колоквијално се нарекува „епидемија“. Балестерос истакнува дека зимата може да биде едно од најстресните времиња.
3 успешни стратегии за справување со стресот во текот на зимата
Некои од најуспешните светски лидери, вклучувајќи ги тука Бил Гејтс и Џек Дорси, велат дека најдобро размислуваат во текот на долга прошетка (1). Одењето е одлично за вашиот мозок: може да ја зголеми вашата енергија, да стимулира креативност и да ја намали анксиозноста. Физичката активност, како одењето, може да ви помогне да се ослободите од анксиозноста, а понекогаш помага и тоа да направите малк круг околу зградата или да одите до продавница. Прошетката во текот на работното време не мора да биде подолга од 10 минути, за да има ефект.
Имате ли мотивациска мантра (2)? Повторувањето на позитивни афирмации може да ви помогне да се извлечете од проблемите и да ја зголемите самодовербата во текот на напорниот работен ден. Истражувањата покажале дека позитивните афирмации го активираат „системот за наградување“ на мозокот, што може да ја намали болката и да го подобри себепочитувањето. Одбраните фрази, исто така, можат да ви помогнат да го насочите вниманието од стресот на целта, или можат да бидат потсетник за да бидете пољубезни кон себе. „Давам се од себе“ е нешто што помага.

Фото илустрација : Shutterstock
Ако се ближи крајот на работното време, а вие и понатаму се чувствувате анксиозно, Балестерос предлага да направите „депонија на мозокот“ (3), за да ја елеминирате преоптовареноста. На празен лист хартија напишете која е вашата работа и направете листа на обврски – на левата страна, а на десната страна напишете што мислите и чувствувате.
„Запишувањето на било што ми дава мир, јасна листа на она што треба да го работите и помага подобро да ја одвоите работата од приватниот живот; тоа е нешто со што многумина имале проблем кога работеле од дома, во текот на овие две години“ истакнува Емисли Балестерос. Додава дека би требало да изградите мали и одржливи навики кои можат да ви помогнат да се опуштите и да обезбедите енергија за работата.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock
