Протест на вработените во Управата за матични книги, нема вадење на изводи и умреници
Од денеска нема закажување на свадби, ниту вадење документи: Протестираат вработените во Управата за матични книги
Граѓаните од денеска нема да може да извадат никаков документ од Управата за водење матични книги, ниту со барања поднесени лично, ниту онлајн.
Независниот синдикат на управата за водење на матични книги најави дека од денеска вработени во управата стапуваат во штрајк.
Тие бараат донесување на колективен договор на ниво на работодавач, усогласување на платите согласно покачувањата на минималната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во управата.
Вработените бараат и унапредување, односно соодветни звања на вработените во управата.

