ЕкономијаМакедонија

Работници со највисоки и најниски плати

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, највисока нето плата имаат вработените во дејноста Информации и комуникации – 81.718 денари. По нив следуваат вработените во Финансиски дејности и дејности на осигурување со плата од 69.434. На трето место се вработените во дејноста Рударство и вадење на камен – 57.451 денар.

Од другата страна на скалата, односно најниско платени дејности се: Административни и помошни дејности со 36.074 денари, Земјоделство, шумарство и рибарство – 35.627 и Објекти за сметување и сервисни дејности со храна – 33.001.

Инаку, нето плата за мај изнесува 45.796 денари.

Останува фактот дека поголем дел од работниците земаат плата под просечната.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk