Работодавачот е должен преку Колективен договор да го утврди учеството на вработените во подобрување на работните услови
ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 12 ОД ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Според Законот, рабодотавачот е тој кој ја организира безбедноста и здравјето при работа во зависност од технолошкиот процес, со примена на научно-стручни методи и во согласност со современите достигнувања, при што стручните работи на безбедност ќе ги врши работник со стручна подготовка за безбедност при работа или друга стручна подготовка адекватна на технолошкиот процес на работодавачот, или ќе користи надворешни услуги од овластени правни или физички лица.
Работодавачот исто така е должен со колективен договор да го обезбеди остварувањето на правото на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа, да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина кај работодавачот, при што ќе бидат вклучени сите активности на претпријатието или установата и на сите нивоа на организацијата.
ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 12 ОД ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Според Законот, рабодотавачот е тој кој ја организира…
Posted by Juridica on Thursday, February 11, 2021
