Регион Кисела Вода ги одржа регионалните спортски игри
Фејсбук статус на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК
Регион Кисела Вода ги одржа регионалните спортски игри
Денес, 15.5.2026 година, успешно се одржаа Регионалните спортски игри на СОНК во ООУ „Драга Стојановска“ – Сопиште.
Натпреварите поминаа во одлична атмосфера, исполнета со спортски дух, фер игра, дружење и меѓусебна почит. Учесниците покажаа тимска работа, позитивна енергија и вистински спортски вредности.
Голема благодарност до училиштето-домаќин за пријатниот амбиент, гостопримството и организацијата која беше на високо ниво.
Благодарност и до сите учесници, претседатели на синдикалните организации и присутни гости кои придонесоа овој настан повторно да биде успешен и достоен за традицијата на СОНК.

