ЕкономијаСветот на работникот

Се повеќе луѓе излегуваат од работа без да ги известат своите шефови

Сигурно сте забележале дека постои непријатен тренд на недостиг на цивилизираност, учтивост на социјалните мрежи и во реалниот свет. Се чини дека сите постојано се бесни. Брзо се впуштаме во расправии и никако не можеме да се согласиме дека не се согласуваме. Непристојноста и лошите манири се префрлија и на работните места, барањето на работа и во процесот на интервјуирање, пишува за Forbes, менаџерот за регрутирање Џек Кели. 

Блајнд, анонимна општествена апликација за работните места, спровела анкета на 5,356 потврдени професионалци од 30 септември до 5 октомври, 2021 година. Платформата се користи од страна на работниците во некои од најпочитуваните компании во светот со голема концентрација на технолошки работници. Согледувајќи ја ситуацијата со трендовите повразни со работните места, Блајнд открил дека работниците „даваат откази без да ги известат менаџерите или одделот за човечки ресурси во последната година и половина“. Веќе слушнавме за „Големиот отказ“, а ова може да се нарече тренд на „Големо исчезнување“. 

Традиционално гледано, кога некое лице сака да даде отказ, му кажува на својот шеф за тоа или пак пишува отказно писмо, информирајќи го за неговата постапка. Рокот од две недели е стандарден веќе со декади. Сепак, на менаџер којшто е на повисоко ниво ќе му треба подолг период пред да замине од компанијата, со оглед на тоа дека треба да ги предаде своите работни активности кои често се големи. 

Често, следува разговор со менаџерот. Да, ќе биде незгодно, но лицето кое сака да замине од компанијата сигурно не би сакало да остави лош впечаток. Сигурно би сакале да добијат добра препорака за во иднина, како и да останат во комуникација со луѓето во компанијата за да ја одржуваат својата мрежа на луѓе. 

Во „жешкиот“ пазар на труд, како што е овој сега, менаџерот би го изнел проблемот пред шефот, одделот за човечки ресурси и неколку директори. Би се свикал состанок на кој би се обиделе да го убедат вработениот да остане. На менаџментот му е јасно дека ќе биде тешко да се замени работникот поради компетативниот пазар на труд. Неговата замена сигурно ќе заработува повеќе пари, отколку вработениот. 

Се нуди контра понуда со цел работникот да остане. Изгледа како кога се прекинува врска. „Се извинувам! Не знаев дека ќе се чувствуваш вака“, вели твојот шеф. Со несигурност, ќе додаде: „Имавме големи планови за тебе. Сакавме да ти ја зголемиме платата и да те унапредиме“. Во меѓувреме, ти размислуваш: „Зошто чекаше да дадам отказ?“. 

Нема крај. Одделот за човечки ресурси те повикува на „излезно интервју“. Се однесуваат добронамерно и со разбирање, додека се обидуваат да откријат што е тоа што те натерало да сакаш да заминеш. И покрај се, не сакаш да го „фрлиш твојот надреден под автобус“. Иако не си негов обожавател, сепак не сакаш да се чувствуваш виновен затоа што си го ставил во неволја. Затоа најчесто завршуваш со тоа што ќе речеш дека се било супер и дека едноставно бараш промена. 

Менаџерите на компанијата извршуваат разни притисоци врз работникот за да остане. Оние коишто ќе попуштат, жалат за одлуката. Наскоро сфаќаат дека станувало збор за игра со цел да ги задржат, не затоа што ги сакаат, туку поради тоа што е целисходно. Сега кога веќе останавте во компанијата, истата нема да има потреба да ангажира регрутер и да бара нови кандидати, процес кој трае три или повеќе месеци. 

Како што поминува времето, вас повеќе ве гледаат како предавници и платеници. Сеќавањето на шефот ќе биде во насока на тоа: „не принуди да му дадеме поголема плата за да остане“ и ќе верува дека сте слаба карика во компанијата. Сите ваши чекори ќе бидат надгледувани. Кога ќе се вклучите онлајн доцна навечер, не одговарајте веднаш на пораките и не пропуштајте да вратите емаил доцна напладне, ќе мислат дека имате разговор за друга работа. Нема да можете да ги поднесете лошите погледи, коментарите и недовербата, па ќе бидете приндудени да дадете отказ. 

Кога сето ова ќе се земе во предвид, може да се заклучи дека испитаниците во анкетата, не сакале да подлежат на стресни ситуации. Можеби слушнале хорор приказни за колеги кои подлежеле на болно искуство. Не е добро да се замине без да се каже некому, но разбирлив е чекорот лицето да замине, отколку да остане во непријателска средина. 

Сигурно би ја оправдале одлуката велејќи си на себе дека компаниите не даваат рок од две недели пред да отпуштат некој вработен. Доколку навредите некого, ќе повикаат обезбедување да ве испрати низ вратата, давајќи ви малку време за да ги спакувате вашите работи во картонска кутија со тажен изглед. 

Според Блајнд, исчезнувањето „станува почест тренд на работните места“. Компанија рекла: „сегашните потврдени професионалци во Циско, ЏП Морган и Оракал би имале дупло повеќе шанси да излезат од работа без да им кажат на своите шефови, во споредба со другите професионалци“. Испитаниците кои работат во Фејсбук, Индид, Интуит и Убер, исто така би имало поголеми шанси да дадат отказ без да кажат еден збор. 

Не е се до отказот. Приближно 30 % од професионалците кои учествувале во студијата рекле дека би „прескокнале интервју за работа“ или би ја „сопреле комуникацијата со нивната компанија додека трае процесот на интервјуирање“. Станува се полошо. „Еден од десет професионалци одбиле понуда за работа откако потпишала пишана понуда со компанијата“. Потврден професионалец од Амазон на друг професионалец кои ја земал во предвид понудата за работа, му рекол: „ Отфрли ја ако најдеш подобра. Не сите мостови се важни“. 

Според податоците, вработените во Интел Корпорејшн, ЏП Морган, Оракле, ВМвере и Вејфер, повеќе би имало шанси да отфрлат потпишана понуда за работа во последните година и половина. 

Ако размислувате да учествувате во овој тренд, бидете внимателни. Поголемиот дел од индустриите се мали и луѓето имаат тенденција да се знаат меѓусебно. Лесно е зборот да се рашири. Ако сте некој којшто отфрла интервјуа, дава отказ без известување или отфрла понуди за работа, сето ова може да има лош ефект оо вас. Некој менаџер на компанија или човечки ресурси нема да сака да ве ангажира кога ќе слушне на кој начин сте заминале од претходната работа. Регрутерот ќе мисли дека ќе го направите истото и на компанијата за која аплицирате во годините кои доаѓаат. 

Извор: Forbes

Автор: Џек Кели

Фото: Freepik