„Се фалите дека се борите за покачување на платите, а потпишувате анекс за намалување на истите“
Фејсбук статус на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика, рударство и индустрија – ССЕРИ:
Коментар на објавата во порталот Апла за „работењето“ на Синдикатот на АД ЕСМ:
Овај „синдикат“ упорно тврди дека преговара за покачување на платите, а од друга страна потпишува анекс на колективен договор, каде ја намалува платата на работниците.
Ќе дадеме коментар на секоја точка за која се фалат за успешност 
Точка 1: Јубилејна награда 40 години стаж, тоа се случува кај 2% од вработените и не е нивна заслуга како што си ја препишуваат туку датира уште од 2016 година, кога тие не постоеа.
Точка 2: Се китат со перја дека обезбедиле ладен оброк, секогаш постоел, ладен оброк се делел стално за работниците.
Точка 3: Се фалат дека има работничка менза, работничка менза во РЕК Битола нема и нема ни да има во догледно време, дури има вакви кадри кои само лажат, во кратки црти, работничка менза не постои.
Точка 4: ХТЗ опрема, срамота е да се спомнува ХТЗ опремата која е задолжителна заштита за секој работник и треба да се ОБЕЗБЕДИ ГОДИШНО, а не на 5 години. Резил, дадено после 5 (пет) години, да функционира ДТИ како што треба, сигурно ќе имаше обезбедено секоја година.
Точка 5: Помош за починат родител, секогаш постоело исплата по колективен договор.
Точка 6: Покачување плата 5% ????????? Ало, дали се слушаме? Дали сте луди или сакате нас да не правите. Кое покачување кога вие ги намаливте платите со анексот кој го потпишавте, смешно, пресмешно.
Точка 7: Зголемување плата на високо стручни кадри, најголемата страмота за синдикат кој треба да се бори за правата на работниците, а се фали со најголемата дискриминација направена према својте работници кој плаќат чланарина, а се понижени во однос на стручната спрема.
Точка 8: Превентивни одмори, секогаш работниците оделе на превентивни одмори, си припишувате заслуги кои не се од вас постигнати. Жалосно е што се китите со успешноста и пожртвуваноста на работниците, кажувајки дека ЕСМ произведе по заслуга на вработените а истовремено ги дискриминирате, им ги намалувате платите. На крај се фалите дека организирате спортски игри, кога во државата секој ден има протести за поголеми плати и пензии, а истовремено вршите притисок врз вработените со тоа што не им дозволувате да се отчленат од синдикатот, измислувајки правила кој не постојат. Да ве потсетиме дека членувањето во синдикатот е доброволно и дека вие со недавање на можност да се отчленат работниците правите злоупотреба на позицијата која ја обавувате.

