Вашата висина и тоа како може да влијае врз вашата заработка: Лицето кое е 4 цм пониско од колегата, заработува 4,000 долари помалку
Прочуениот НБА тренер Ред Ауербах еднаш рекол: „Не можете да ја научите висината“.
Ова, секако, се однесувало на спортот во кој одредена висина и тоа како е потребна. Но, Форбс го поставил и прашањето: Зошто високите луѓе уживаат економска предност во однос на пониските колеги и тоа во индустрии во кои висината не би требало да влијае на нечиј работен перформанс?
Едно од актуелните истражувања кое се појавува во списанието PLoS ONE, можеби го дава одговорот на ова прашање.
Имено, тимот на научници предводен од Јун Ванг од Универзитетот Ренмин во Пекинг, Кина, ги истражил податоците земени од преку 3,500 возрасни Кинези, за да дознае дали нивната висина позитивно е поврзана со нивниот годишен приход – и, ако е, дали за тоа е виновна генетиката.
Интересно е тоа што пронашле докази кои го поддржуваат првото тврдење, но не и другото.
„Разликите во приходите поврзани со нечиј физички изглед – како што се висината, ставот, индексот на телесна маса и изгледот на лицето – мотивирале голем број на студии да настојуваат да ги идентификуваат причинските механизми“, наведуваат истражувачите. „Ова истражување користи неодамнешни податоци од Кина, за да покаже дали висината на телото навистина е поврзана со поголемите примања“.
Поточно, истражувачите проценуваат дека секој дополнителен сантиметар е поврзан со зголемен годишен приход од 1,30 %.
Со други зборови, лицето кое е високо околу 167 цм и заработува 50,000 долари годишно, би можело да заработи околу 2,000 долари ако е 170 цм и дури 4,000 долари повеќе ако има метар и 72 цм.
Важно е да се каже дека оваа процена претпоставува дека и други фактори се поврзани со потенцијалната заработка – на пример, полот, возраста, годините на школување и локацијата. Но, еве каде работите стануваат уште повеќе интересни.
Истражувачите користеле генетско тестирање за да испитаат дали влијанието на висината врз приходот може да се објасни со нечиј гени или – дали други фактори, како што е социјалната перцепција (доминацијата, самодовербата, итн.) и влијанијата од околината (раната исхрана, негата…) можат да бидат одговорни за создавањето на овој ефект.
Откриле дека генетските маркери поврзани со повисоките луѓе исто така се поврзани со други предности, вклучувајќи поголема когнитивна способност и помал ризик од депресија.
Со други зборови, иако постои аргумент дека повисоките луѓе заработуваат повеќе пари поради својот талент и дека дискриминацијата на основа на висината е „економски рационална“, и покрај своите негативни социјални импликации, мала е веројатноста генетиката да може сама тоа да го објасни.
Наместо тоа, авторите го фаворизираат објаснувањето на „раното опкружување“, така што луѓето кои растат во здрави, конструктивни опкружувања стануваат повисоки, попаметни и поуспешни од оние кои растат во сиромашни, деструктивни опкружувања.
Извор: Telegraf Biznis
Фото: Shutterstock

