ПравдаСветот на работникот

Сезонските работници во Хрватска кои се вработија преку соработката на СУТ и СТУХ имаат само пофалби за работните места

Неизбежен факт којшто не следи веќе некое време во секторот туризам и угостителство, за жал, е недосигот на работна сила и неминовноста на нејзиното ангажирање од странските земји, особено од т.н. трети земји, а и тие работници многу често не се запознаени ниту со елементарните работнички права во Република Хрватска, што ги прави потенцијално најранливата категорија на работници. Некои од тие работници своето работно место го пронашле во Валамар Ривиера д.д.

Благодарение на припадноста на Синдикато за туризам и услуги на Хрватска на најбројниот репрезентативен синдикат во Република Хрватска – Сојузот на самостојни синдикати на Хрватска (СССХ) кој има соработка со македонската Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС), на иницијатва на македонскиот синдикат оваа година Синдикатот за туризам и услуги (СТУХ) и македонскиот Синдикат за угостителство и туризам (СУТ) оствариле многу блиска соработка, па заедно со работодавачите од водечките хотели во Република Хрватска договориле заеднички да им помагаат на потенцијалните сезонски работници од Македонија за да дојдат на работа во Хрватска, на начин што на работниците – членови на СТУХ и СУТ ќе им помогнат да најдат работат кај оние работодавачи со кои СТУХ има потпишано Колективен договор и кај кои се почитуваат работничките права, бидејќи токму кај тие работодавачи СТУХ на македонските сезонски работници, но и на сите останати, може да им гарантира сигурност на работното место, пристојни услови за работа и почитување на правата кои произлегуваат од Законот за работни односи и колективните договори, како и да им пружи правна помош во случај на прекршување на некои од нивните права, што значи дека во секој момент можат да добијат правен совет или бесплатна правна помош.

Исто така, со цел ангажирање на квалитетна работна сила, работниците кои поседуваат одредени квалитети и способности ги интервјуирале македонските колеги кои беа заинтересирани за работа, пред да ги препорачаат на хотелите во Република Хрватска, за да им обезбедат кандидати со одредени знаења и искуства, што се покажало за исклучително важно, со оглед на тоа дека немало никакви забелешки за работниците кои по препорака на СТУХ дојдоа и се вработија во одредена компанија, што резултирало со понуди за работа и во текот на зимските месеци, а некои добиле и понуди за работа и за следната сезона.

Македонските колеги минатата зима преку медиумите и други канали за комуникација ги информирале своите членови, но и останатите граѓани во Македонија за оваа соработка, па со оглед на тоа веруваме дека оваа соработка и во иднина ќе носи добри резултати.

Некои од тие работници се враќаат на работа во Хрватска со одредено искуство, често и негативно, во главно стекнато со работа во мали, поединечни угостителски објекти каде им се ветуваат „брда и долини“, поголеми плати од оние во хотелите, а на крајот, многу често, работниците се изиграни и не добиваат ниту приближно од иницијално ветената плата. Поради тоа со сигурност можеме да кажеме дека овој вид на соработка се покажа како добар и за работниците и за работодавачите.

Од една страна, работниците се упатуваат кај работодавачи кои имаат отворен социјален дијалог, колективен договор кој се почитува, додека од друга страна тоа на работодавачите им помага при наоѓањето на работна сила.

Претсавниците на СУТ, претседателот Роберт Митровски и потпретседателот Сашко Папулев, заедно со претставниците на СТУХ ги посетиле македонските работници во компаниите во Истарската жупанија, помеѓу останатите и македонските работници во Валамар Ривиера д.д. Врз основа на разговорите со работниците можеме слободно да кажеме дека тие се задоволни од работата во Валамар Ривиера д.д, првенствено мислиме на договорените услови за работа кои се онакви какви што биле договорени при вработувањето.

Оваа соработка на македонскиот и хрватскиот синдикат, чие е делување строг поврзано и специјализирано за секторот туризам и угостителство е на самиот зачеток, а со оглед на позитивните реакции од терен договорена е и идна интензивна соработка. Сите придобивки од соработката се покажале преку примерот на госпоѓата Гордана Панева на која преку брза и добра координација и интервенција од колегите и итната помош буквално ѝ е спасен животот. Госпоѓата беше итно оперирана во ОБ Пула, а нејзиното оздравување беше олеснето од грижата на синдикалниот доверител на СТУХ Валтер Канпиќ и другите колеги. Госпоѓата има само зборови на пофалба и сигурно ќе се врати да работи во Валамар Ривиера д.д и на своите македонски колети ќе им ги препорача погодностите од овој вид на соработка.

Секако, простор за подобрување има, особено во платите, условите за работа, исхраната, а тие подорувања не се однесуваат само на работните кои се сместени кај работодавачот и имаат вклучен оброк, туку и за прашањата кои се од интерес на вработените во Валамар Ривиера д.д, за кои СТУХ веќе и упати иницијатива со конкретни барања и предлози сочинети од желбите и барањата на работниците од терен, а истите се однесуваат на вработените во Валамар Ривиера д.д и Империал Ривиера д.д.

Роберто Ерман

регионален доверител на СТУХ

Извор: STUH