Синдикалните организации на ЖРСМ Транспорт АД Скопје,денеска покренаа петиција со која бараат директорот Мајан Вејсели да не биде сменет од функцијата генерален директор.
Во петицијата потпишана од претставниците на три синдикални организации се наведува дека Вејсели имал голема визија и резултати во менаџирањето со ова претпријатие.
„Од јули 2022 година, од кога е назначен, директорот Вејсели со совето работење, со преземените активности, одлуки и наредби придонесува за непренно и рационално одвивање на технолошкиот процес на работа но и за упсшено продолжување на веќе започнатите проекти. Со оглед на честите промени на директори, Вејсели покажа голема визија за идното работење и излегување од финансиската криза на друштвото“, пишува во петицијата потпишана од три синдикални организации на Железници Транспорт.