Склучен МЕМОРАНДУМ помеѓу С.У.Т. при КСС и ДСП „Обединети работници“
Со огромно задоволство ве известуваме дека денес, 06.06.2022 г., во просториите на КСС беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Синдикатот за угостителство и туризам при КСС – претставуван од Претседателот Роберт Митровски, и Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” – претставувано од Претседателот Кочовски Бобан, а во врска со заштита и унапредување на правата при работен однос на работниците од Република Македонија вработени во секторите угостителство и туризам.
Склучувањето на овој Меморандум е само официјализирање на долгогодишната соработка која што постои помеѓу овие организации, при што очекуваме овој чин да придонесе за окрупнување на обединетиот работнички фронт кој што постепено ќе прерасне во сериозен фактор при одбраната на правата на работниците во Република Македонија.
Воедно, ги повикуваме сите сродни организации, синдикати и луѓе со чесни намери, да се приклучат кон работничкото обединување, со што ќе се започне со мали, но сигурни чекори кон подобрување на моменталната состојба на пазарот на трудот.
Само обединети ќе успееме во нашите цели.

