ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

СКМ: Одложена примена на евентуалната одлука недела да биде неработен ден

Стопанската комора сѐ уште не може да направи проекција околу евентуалните загуби со кои би можеле да се соочи економијата ако денот недела биде прогласен за неработен ден. Како што вели Даниела Михајловска – Василевска, од Стопанска комора на Македонија во своето вчерашно гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, тие апелираат на поскоро донесување на законското решение врз основа на кое ќе можат да ги изнесат нивните проекции.

„Основното наше барање е да има прво законско решение, па да се отвори широка дебата, па во таа дебата да ги ставиме аргументите – за и – против. Во услови на корона криза, кога има сектори кои со месеци не работеа, да донесеме вакво решение мислам дека е надвор од било која економска логика. Трето, ако сепак се отиде недела да биде неработен ден, тогаш да има одложена примена од година или две, за да се направат анализи и усогласувања“, вели Михајловска – Василевска.

Извор: АлсатМ