ЕкономијаМакедонија

„Слобода Превоз“ предлагаат државата да се откаже од нејзините давачки за да помогне на транспортниот сектор

Од Здружението на приватни превозници на Град Скопје „Слобода Превоз“ предлагаат државата да се откаже од нејзините давачки за да помогне на транспортниот сектор…

-Во рамки на законот за акцизите во членот 92 се утврдува и износот на акцизата за течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Со постојното законско решение тој изнесува 4,9 денари, но поради драстичниот пораст од ХХ денари/проценти, ние превозниците кои имаме автобуси на метан бараме намалување на 0 денари по килограм. Со ова намалување на акцизата, цената на метанот и ТНГ ќе се намали веднаш за речиси 6 денари, вели Ленин Јовановски од здружението.

Тој нагласува дека метанот и ТНГ се еколошки горива кои испуштаат ниско ниво на штетни материи во воздухот.

Државата мора да се откаже од нејзините давачки за да помогне на транспортниот сектор… , порачува тој.