МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СПМ: 18 прашања на кои вработените и јавноста заслужуваат одговор од Спасовски

18 прашања кои вработените и јавноста заслужуваат одговор наместо до читате по емисии треба да ги одговорите наш најдобар и единствен министре Спасовски🤔

1️⃣ Дали оваа што го презентиравте денес на МТВ е уште еден обид на циркузот “Медрано” – МВР да се претстави во јавноста дека внатре “сме” мала Швајцарија!?

2️⃣Кога ќе се деполитизира МВР?

3️⃣Кога ќе почнеме да земаме минимална плата од 18.000 ден. а не 15.200 ден.?

4️⃣Кога полициските службеници наместо грав во конзерва и смрдливи паштети ќе го добијат менито кои го користат одредени во МВР?

5️⃣Кога К-15?

6️⃣Кога бонус плата и прекувремени ќе може да земе секој ,а не само одредени ваши (твои) “деполитизирани” полтрони?

7️⃣Кога фрустрациите што ги лечат поединци ќе почнат да се казнуваат,а не судските пресуди кои ги губите ги исплаќате од буџетот на МВР?

8️⃣Кога Внатрешна контрола ќе постапува еднакво за сите?

9️⃣Кога обичниот полицаец ќе се опреми целосно со униформа (не само на спискови со земени не соодветно сошиени конфекциски броеви)?

🔟Кога сите канцеларии и тоалети ќе ги уредите подеднакво,исто како што ги уредивте за вашите “подобни професионалци”?

1️⃣1️⃣Koга ќе се прекине со притисоци и уцени?

1️⃣2️⃣Кога МВР ќе се почитува како државна институција еднаква за сите а не како приватизирана фирма за печалба и лична своина ?

1️⃣3️⃣Кога ќе се прекинат тензичните меѓучовечки односи кои како никогаш до сега не биле толку нарушени?

1️⃣4️⃣Кога ќе се прекине да се делат луѓето на ваши и наши?

1️⃣5️⃣Кога ќе се прекине од улица да се унапредуваат луѓе на високи позиции,а останатите ќе им се нивни “робови”?

1️⃣6️⃣Кога ќе почнете да водите дијалог со останатите синдикати (освен што се фалите на ТВ екраните дека тоа постои) и освен со вашиот “привезок” МПС кој дури веќе не ни наликува на синдикат?

1️⃣7️⃣Кога ќе се прекине со монтирани протести на МПС а претходно “договорени” со вас почитуван Министре?

1️⃣8️⃣Кога на раководните позиции ќе дојдат професионалци?

Има уште многу кога….Но сега најважно е во наредниот период да се прослави, во очите на јавноста да се види Вашата имагинарна виртуелна “Задоволна полиција” !

 

Па да уживаме во настаните, нека е со среќа😤®️

Во меѓувреме бараме одговори…..