МакедонијаСиндикат

СПМ поднесе барање до министерот. Еве за што се работи

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

СПМ на ден 19.06.2026 година поднесе до Министерот за внатрешни работи Барање за употреба на механизам за рана превенција и механизам за рана интервенција од страна на ОВККИПС во соработка со раководителите на организациските единици во Министерството кое го објавуваме во целост:

“Со оглед на тоа што веќе подолг временски период работниците во Министерството за внатрешни работи се соочуваат со законски неиздржани, тенденциозни и дисциплински постапки во кои има наводна повреда на материјалното право а кои дисциплински постапки во најголем дел се поведуваат на предлог на ОВККИПС или определени раководители и истите во голем број како што и досега сте запознати се отфрлаат или се запираат со решение на Министер, како Синдикат и заштитник на правата на работниците во Министерството, бараме од страна на Министерот за внатрешни работи да задолжи определена орг.единица да изврши контрола за овие наводи а со тоа да наложи на раководителите на организациските единици и ОВККИПС да почнат соодветно да ги применуват членовите 205 и 206 од КД на МВР – „Механизам за рана превенција“ односно да преземаат мерки и активности со цел превенција од поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност и орг.единици да преземаат мерки за рана превенција во соработка со раководителите на организациските единици во Министерството односно да го применуваат и членот 206-а – „Механизам за рана интервенција“ во случаите кога има полесно кршење на работниот ред и дисциплина а притоа кога нема последица нарушување на угледот на Министерството, кога нема материјална штета или не е предизвикана штета од поголеми размери да се примени механизмот за рана интервенција а не како до сега за се да се поднесува предлог за покренување на дисциплинска постапка по секоја цена.

Така работниците во Министерството не би се соочувале со самоволието на поединци во одредени орг.единици и ОВККИПС, а Одделот за дисциплински и судски постапки не би бил пренатрупан со незаконски, тенденциозни и законски неиздржани предмети односно дисциплински постапки кои во секој случај знаат често ќе бидат отфрлени или за истите ќе биде запрена постапката.

Доследно на ова, Бараме и почитување на одредбите од Колективниот договор во целост посебно во делот при водењето на овие постапки.”

ВРАЌАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА!

новатаеранапрофесионализмот

силанановотовреме