Средба Шаќири – Амети: Универзитетот во Тетово продуцира подготвен кадар кој брзо се интегрира во општествените процеси
Наставно – научниот кадар на Универзитетот во Тетово се заложува за континуирано создавање на студенти кои ќе бидат добро подготвени за брзо вклучување во општествените процеси и текови, како и за развој на научно – истражувачката дејност, со што дава придонес кон севкупниот развој на државата. Сепак, секоја дополнителна поддршка од институциите на системот е добредојдена, ќе ја зголеми мотивацијата за работа и ќе помогне во надминувањето на предизвиците со кои се соочува установата.
За ова се дискутираше на денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и проректорот за образование на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети што се одржа во просториите на МОН.
На средбата, министерот Шаќири изрази уверување дека високообразовните установи во иднина ќе добиваат се поголема поддршка, како од финансиски аспект, имајќи предвид дека постојано ќе се зголемува и вкупниот буџет на МОН, така и од аспект на обезбедување нов дополнителен кадар кој ќе се вклучи во наставната и научната дејност.
Проректорот за наука на УТ, проф. д-р Амети се заблагодари за досегашната соработка со МОН и изрази очекувања таа во иднина уште повеќе да се продлабочи. На министерот за образование и наука му додели монографија која го опишува развојниот пат на високообразовната установа во изминатите 27 години.

