МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

ССКО дава безрезервна поддршка на генералниот штрајк на СОНК

Синдикатот на станбено – деловните, комунални, локално – самоуправни, водостопански, хотелиерство и угостителство и радиодифузни организации на Р.М. безрезервно го поддржува најавениот генерален штрајк на братскиот синдикат СОНК.

Вработените во основното, средното училиште и градинките ги заслужуваат правата коишто им следуваат согласно законите и Колективните договори, па оттаму Владата е обврзана да им ги овозможи.

Порамнувањето на платите во овие дејности преставува еден сериозен проблем кој силно ги демотивира оние коишто треба да ги образуваат и воспитуваат нашите деца, што во ниеден случај не носи добро за Македонија, ниту за нејзината иднина. Затоа Владата треба да покаже слух за барањата и истите да ги исполни.

Напоменуваме дека усогласувањето на минималната плата со колективните договори е законска обврска на Владата. Со самото тоа што не ја почитува, таа директно ги прекршува законите и дава лош пример на работодавачите од приватниот сектор.

Целосно го поддржуваме штрајкот на СОНК, кој како и секој синдикат има право преку преземање на радикални синдикални чекори да ги заштити правата на своите членови.

На родителите им порачуваме да покажат разбирање и да бидат солидарни со воспитно – образовните работници кои стапуваат во штрајк.