СОНК добил поддршка од Европската конфедерација на синдикати од образование за генералниот штрајк
Фејсбук статус на Претседателот на СОНК Јаким Неделков:
Денес остварив работна средба со г- ѓа Сузан Флокен, првиот човек на европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE), на која што беше информирана за причините, подготовката и проблемите околу организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование. Г- ѓа Флокен во името на ETUCE дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека, будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е регулирано со меѓународните конвенции и препораките на МОТ(ILO).

