Светот на работникот

Стигнува вакцината против јужноафриканскиот сој

Нова вакцина којашто може успешно да се избори со јужноафриканскиот сој на ковид, може да се појави до есен, рекла водачот на тимот којашто ја направила вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, Сара Гилберт.

Професорката Гилберт за Си – Ен- Ен изјавила дека на вакцината не и треба многу време за да се адаптира на промените, а истражувачите веќе работат на нова верзија на вакцината за да направат посилен имун одговор на мутираниот тип на ковид од Јужна Африка.

Оваа информација пристигнала по студијата, која сеуште е непотполна, во која се наведува дека вакцината на АстраЗенека/Оксфорд пружа послаба заштита од јужноафриканскиот сој, но и понатаму ги заштитува лицата да не добијат тежок облик на ковид.

Весникот Индипендент додава дека министерот за здравство на Велика Британија Мет Хенкок испратил апел до компаниите со повеќе од 50 вработени кои мораат да доаѓаат на работните места, да се пријават за брзи антигени тестови.

Владата се надева дека ќе се „нормализираат тестирањата на работните места, како во јавниот, така и во приватниот сектор“, за да се регистрираат повеќе асимпотматски случаи на ковид.