Светот на работникот

Тивки убијци на кариерата што не ги забележувате

Мислите дека само добрата работа е доволна за напредување? Понекогаш најголемите пречки за кариера не се очигледни. Овие „тивки убијци“ полека го кочат вашиот напредок – без да сфатите.

1. Игнорирање на канцелариската политика

Колку и да сакате да ја избегнете, канцелариската политика постои и влијае на вашиот развој. Вештината на вмрежување е еднакво важна како и вашата работа.

2. Никогаш не барате повратна информација

Без конструктивен фидбек не можете да научите каде грешите или како да бидете подобри. Фидбекот е вашиот компас за раст.

3. Прифаќање на сè („Да“ за сите задачи)

Кажувањето „да“ на сè може да доведе до прегорување и слаб квалитет. Научете да кажете не за да можете да блеснете таму каде што треба.

4. Избегнување на конфликти по секоја цена

Бидејќи не се спротивставувате, вашиот глас не се слуша и останувате невидливи. Мирот е добар, но понекогаш вашиот став вреди повеќе.

5. Останување во комфор-зоната

Не прифаќате нови предизвици и ризици, а тоа значи дека стоите во место. Растот започнува таму каде што завршува комфор-зоната.

Овие грешки изгледаат безопасно, но на долг рок можат да ја уништат вашата кариера. Почнете денес – барајте фидбек, гради односи и ризикувајте за да растете.

Извор: Kariera